LG V500 G Pad 8.3 User Guide

Page of 560
80
Повеќе корисници
На таблетот можете да додадете нови корисници за да им овозможите
конфигурирање на сопствени поставки за таблетот, користење на сопствен
мемориски простор и добивање на сопствени привилегии за ажурирање на
апликации.
ЗАБЕЛЕШКА:
•  Можете да додадете нов корисник само ако сте најавени како Корисник-
Сопственик.
•  Секој корисник може да конфигурира и користи сопствени содржини или
податоци. Меѓутоа, тие не можат да ги менуваат поставките на другите
корисници (на пр.: поставки за почетен екран, поставки за звук итн.).
•  Корисниците ја делат батеријата, меморијата и употребата на податоците
со другите корисници.
•  Единствено сопственикот на таблетот може да ги користи менијата
поврзани со SD картичката.
•  Поставките за јазик поставени од еден корисник важат за сите други
корисници.
•  Алармот ќе се активира во поставеното време без оглед кој корисник го
поставил времето на алармот.
•  Известувања за настаните како порака или настан од календарот, се
испраќаат само до релевантниот корисник.
•  Откако некој корисник ќе започне печатење на документ со помош на
апликацијата Mobile Print, печатењето ќе продолжи дури и ако се смени
корисникот.
•  При промена на корисникот се прекинува пренос на податоци
или превземање, репродукција на мултимедијални содржини и
комуникациски услуги.