LG P710 Optimus L7 II User Guide

Page of 545
43
4  
Допрете Постави Wi-Fi “жешка точка”.
Ќе се отвори рамката за дијалог Постави Wi-Fi “жешка точка”.
Можете да го промените мрежниот SSID (име) што го гледаат другите 
компјутери при скенирање на Wi-Fi мрежите.
Исто така можете да го допрете менито Сигурност за да ја 
конфигурирате мрежата со Wi-Fi Protected Access 2 (WPA2) сигурност со 
користење на однапред споделен клуч (PSK).
Ако ја допрете опцијата за сигурност WPA2 PSK, во дијалогот Постави 
Wi-Fi “жешка точка” ќе се додаде поле за лозинка. Ако внесете лозинка, 
истата ќе треба да ја внесете кога ќе се поврзувате на “жешката точка” на 
телефонот од компјутер или друг уред. Можете да поставите Отворено 
во менито Сигурност за да ја отстраните сигурноста на вашата Wi-Fi 
мрежа.
5  
Допрете Зачувај.
ВНИМАНИЕ! Ако опцијата за сигурност ја поставите на Отворено, не можете да 
спречите неовластена употреба на мрежните услуги од страна на други луѓе и 
можно е пресметување на дополнителни трошоци. За да спречите неовластена 
употреба, ви советуваме опцијата за сигурност постојано да биде активирана.
Користење на Wi-Fi Direct
Можете да споделувате музика, слики и видео содржини меѓу 
корисниците кои употребуваат Android телефони поврзани преку истата 
Wi-Fi и Wi-Fi Direct мрежа.
Однапред проверете ја вашата Wi-Fi и Wi-Fi Direct мрежа и обрнете 
внимание корисниците да бидат поврзани на истата мрежа.
1  
Допрете   > картичката Апликации > Поставки > Wi-Fi од 
БЕЗЖИЧНИ МРЕЖИ. 
2  
Допрете го копчето Мени 
 
 > Wi-Fi Direct.