LG D295 User Manual

Page of 500
30
Панел за известувања
Известувањата ве информираат за новите пораки, настаните во календарот, алармите, 
како и за настаните кои се случуваат, како на пр. за време на повик.
Кога ќе пристигне известување, неговата икона ќе се прикаже во горниот дел од екранот. 
Иконите за непрегледаните известувања ќе се прикажат од левата страна, а системските 
икони како на пр. Wi-Fi поврзување или наполнетост на батеријата, ќе се прикажат од 
десната страна.
ЗАБЕЛЕШКА: Достапните опции може да се разликуваат во зависност од регионот или 
обезбедувачот на услуги.
Непрегледани 
известувања
Bluetooth, Wi-Fi и 
статус на батеријата
Користење на две SIM картички
Кога во вашиот телефон се вметнати две SIM картички, во фиоката за известувања се 
прикажуваат информации за SIM картичките. Кога ќе го допрете копчето за замена на SIM 
картичката, се врши замена на активната SIM картичка.
ЗАБЕЛЕШКА: Ако е вметната само една SIM картичка или една од SIM картичките е 
исклучена, замената на SIM картички не е достапна и копчето за замена на SIM картичка 
не врши никакво дејство. За време на повик, испраќање на порака или користење на 
податочна услуга, RSSI на другата SIM картичка може да се прикажува како ‘Нема услуга’ 
заради статусот на мрежната услуга.
Вашиот почетен екран