LG V400 User Manual

Page of 582
32
Влечење или лизгање
За да влечете или лизгате, набрзина движете го вашиот прст низ површината 
на екранот, без да правите пауза откако за прв пат ќе го допрете (така што 
наместо тоа да не повлечете некој предмет). На пример, можете да го лизгате 
екранот нагоре или надолу за да разгледате некоја листа, или да пребарувате 
низ различните сцени на Почетниот екран со лизгање од лево на десно (и 
обратно). 
Двојно потчукнување
Двапати потчукнете за да зумирате веб-страница или мапа. На пример, брзо 
допрете двапати на дел од веб-страница за да го прилагодите тој дел да ја 
исполни широчината на екранот. Исто така, можете да притиснете два пати 
за да зумирате и одзумирате кога гледате слика и кога користите Мапи. 
Двојно потчукнете збор за да го осветлите. Со двојно потчукнување можете 
да ја активирате карактеристиката KnockON за да го вклучите или исклучите 
екранот на допир.
Стисни за зум
Употребете ги показалецот и палецот со доближување или раширување за 
да зумирате или да одзумирате при користење на пребарувачот, Мапите, или 
при пребарување на сликите.
Ротирај го екранот
Од многу апликации и менија, ориентацијата на екранот се прилагодува на 
физичката ориентација на уредот.
Почетен екран
За приказ на панелите едноставно повлечете со прстот налево или надесно. 
Можете да го прилагодите секој панел со апликации, превземени содржини, 
widget и заднини.