LG V400 User Manual

Page of 582
71
На почетниот екран, допрете Апликации 
 > Апликации јазиче > Галерија
.  
Можете да ги управувате и споделувате сите ваши слики и видео фајлови со 
галеријата.
ЗАБЕЛЕШКА: 
•  Одредени формати на фајлови не се поддржани во зависност од 
софтверот кој е инсталиран на уредот.
•  Некои фајлови можно е да не се репродуцираат правилно, во зависност 
од тоа како се кодирани.
•  Ако големината на фајлот ја надминува достапната меморија, може да 
дојде до грешка при отворање на фајловите.
Прегледување на слики
Лансирањето на апликацијата Галерија 
 ги прикажува вашите достапни 
папки. Кога друга апликација, како е-пошта, зачувува слика, сликата 
автоматски се зачувува во папката Превземања. Исто така, ако направите 
снимка на екранот, автоматски се креира фолдер Снимки на екран. Допрете 
фолдер за да го отворите.
Фотографиите се прикажуваат во редослед по датумот на создавање. 
Изберете слика за да ја прикажете на целиот екран. Придвижете се налево 
или надесно за да ја видите следната или претходната слика.
Репродуцирање на видео записи
Отворете ја апликацијата Галерија 
 и одберете албум. Иконата за 
емитување 
 е прикажана на видео датотеките. Допрете на сликата за да ја 
одберете. Одберете ја апликацијата за емитување (допрете на апликацијата 
Photos 
 или на апликацијата Видео 
), а потоа допрете OK и почнува 
видео репродукција.