LG H955 Owner's Manual

Page of 594
87
Поставки
Траење на повикот – Ви овозможува да го прегледате траењето
на различните типови на повици.
Дополнителни поставки – Овозможува да ги измените следните
поставки.
< ПОВРЗЛИВОСТ >
Сподели и поврзи
NFC – Вашиот телефон е мобилен телефон со NFC можности. NFC
(Near Field Communication) е технологија за безжично поврзување
која овозможува двонасочна комуникација помеѓу електронски
уреди. Таа функционира на растојание од неколку сантиметри.
Можете да ги споделувате вашите содржини со NFC ознака или
друг уред со NFC поддршка преку обично допирање со вашиот
уред. Ако допрете NFC ознака со вашиот уред, на екранот ќе се
прикаже содржината на ознаката.
Android Beam – Кога е вклучена оваа функција, ќе можете да
пренесувате апликациски содржини кон друг уред со NFC
можности преку меѓусебно приближување на уредите. Едноставно
доближете ги уредите еден до друг (обично со задните страни) и
потоа допрете го вашиот екран. Апликацијата ќе одреди што ќе
биде проследувано.
SmartShare Beam – Ви овозможува да добивате мултимедиумска
содржина од LG телефони и таблети.
Медиумски сервер – Споделувајте медиумски содржини со
уредите во близина преку DLNA.
Miracast – Ви овозможува да го пресликувате екранот и звукот на
Miracast предавател или телевизор.
LG PC Suite – Поврзете LG PC Suite на вашиот телефон за лесно
управување со мултимедиумските содржини и апликациите.