LG P970 LG Optimus Black Owner's Manual

Page of 406
26
Видео камера
Основни информации за визирот
Замена на фотоапарат – Ви овозможува префрлување помеѓу предниот 
и задниот објектив.
Поставки – Допрете ја оваа икона за да се отвори менито за поставки. 
Блиц – Овозможува вклучување на блицот при снимање на видео на 
темни места. 
Режим на фотоапарат – Допрете ја 
оваа икона за префрлување во режим 
на фотоапарат.
Започни снимање – Ви овозможува да 
го започнете снимањето.
Галерија – Ви овозможува да им 
пристапите на зачуваните фотографии 
и видео записи во рамките на режимот 
за видео камера. Само допрете и 
вашата галерија ќе се појави на 
екранот.
Осветленост – Со ова се одредува и контролира количеството на 
сончева светлина кое навлегува во леќата. Повлечете го индикаторот за 
осветленост по лентата, кон “-” за видео запис со пониска осветленост, 
или кон “+” за видео запис со повисока осветленост.
Зум – Зголемување или намалување.