LG LGV935 User Guide

Page of 509
44
Напатствија за безбедно и ефикасно користење
Ве молиме прочитајте ги овие едноставни инструкции. Нивното 
непочитување може да биде опасно или противзаконско.
Доколку настане грешка, во вашиот уред е вградена софтверска 
алатка која ќе запише дневник за евиденција на грешки. Оваа алатка 
собира само податоци специфични за грешката, како што се јачината 
на сигналот и вчитаните апликации. Дневникот за евиденција се 
користи само за да се одреди причината за грешката. Овие дневници 
за евиденција се шифрирани и до нив може да пристапи единствено 
овластен LG центар за поправки каде би требало да го однесете 
вашиот уред за поправка.
Изложување на радиофреквентна енергија
Информации за изложување на радиобранови и специфична 
апсорпциона стапка (SAR).
Овој таблет модел на уред LG-V935 е дизајниран за да се усогласи со 
важечките безбедносни одредби за изложеност на радио бранови. 
Овие барања се базираат на научни упатства кои вклучуваат граници 
на безбедност потребни да ја гарантираат сигурноста на сите луѓе, 
независно од нивната возраст или здравствена состојба.
• Во упатствата за изложување на радиобранови се користи мерна 
единица позната како специфична апсорпциона стапка (SAR). 
Тестовите за SAR се изведуваат со користење на стандардни 
методи при што уредот емитира на највисокото сертифицирано 
ниво на енергија во сите употрбени фреквенциски опсези.
Напатствија за безбедно и ефикасно користење