LG LGV935 User Guide

Page of 509
28
29
Вашиот почетен екран
Додавање на апликација кон областа за брзи копчиња
• Од екранот Апликации или на почетниот екран, допрете и 
задржете на икона на апликација и повлечете ја до областа за брзи 
копчиња. Потоа спуштете ја на саканата локација.
Отстранување на апликација од областа за брзи копчиња
• Допрете и задржете на саканото брзо копче, повлечете го кон   и 
отпуштете го.
ЗАБЕЛЕШКА
•  Копчето Апликации 
 не може да се отстрани.
Прилагодување на иконите на апликациите на почетниот екран
1  
Допрете и задржете на икона на апликација додека не се отклучи 
од нејзината тековна позиција, а потоа пуштете ја. Иконата за 
уредување 
 ќе се појави во горниот десен агол на апликацијата.
2  
Повторно допрете ја иконата на апликацијата и изберете ги 
саканиот дизајн и големина на иконата.
3  
Допрете OK за да ја зачувате промената.
ЗАБЕЛЕШКА
•  Можете да допрете на Дод.нов за да ги персонализирате иконите со вашите 
слики.
Враќање на неодамна користените апликации
1  
Допрете  . Ќе се прикаже преглед на неодамна користените 
апликации.
2  
Допрете на преглед на апликација за да ја отворите апликацијата. 
Или допрете   за да се вратите на претходниот екран.