LG LGV935 User Guide

Page of 509
98
98
Ажурирање на софтвер
Ажурирање на софтверот на уредот
Оваа функција ви овозможува едноставно да извршите ажурирање на 
firmware на уредот со најновата верзија преку интернет, без потреба 
од посетување на центар за услуги.
За повеќе информации околу користењето на оваа функција, посетете 
ја веб-страницата: http://www.lg.com/common/index.jsp.
Бидејќи ажурирањето на firmware на уредот бара целосно внимание 
од страна на корисникот во текот на процесот, ве молиме внимателно 
проверете ги сите инструкции и белешки кои се појавуваат при 
секој чекор пред да продолжите понатаму. Обрнете внимание 
дека отстранувањето на USB кабелот или батеријата додека трае 
надградбата може сериозно да го оштети уредот.
Ажурирање на софтвер за LG мобилни уреди преку безжичен 
пренос (OTA)
Оваа функција ви овозможува практично да ажурирате firmware на 
вашиот уред со понова верзија преку безжична мрежа (OTA) без 
поврзување на USB кабел. Оваа функција е достапна единствено ако и 
кога LG ќе понуди нова достапна верзија на firmware за вашиот уред. 
Прво, можете да ја проверите верзијата на софтверот на вашиот уред:
Допрете   >   
 > Околу компјутерчето > Информација за 
софтвер.
За да го извршите ажурирањето на софтверот на уредот, допрете 
 >   
 > Околу компјутерчето > Центар за ажурирање > 
Ажурирање на софтвер > Проверете сега за ажурирање.
Ажурирање на софтвер