LG G Pad 8.3 User Guide

Page of 560
57
Активирајте го ова за да ги користите услугите базирани на локација
на таблетот. Снимајте фотографии каде и да се наоѓате и означете ги
со нивната локација. Ако означените слики ги пренесете на блог кој
поддржува гео-ознаки, сликите ќе можете да ги погледнете на мапа.
ЗАБЕЛЕШКА: Оваа функција е достапна само кога е активен GPS.
Избор на звук на бленда.
Изберете дали копчето за јачина на звук ќе се користи за снимање
или зумирање.
Поставете локација за складирање за сликите. Изберете помеѓу
внатрешна меморија и SD картичка.
Се отвора водич за помош да дознаете како работи одредена
функција.
Одново поставување на сите зададени поставки на фотоапаратот.
СОВЕТ!
•  Кога излегувате од фотоапаратот, одредени поставки ќе се вратат на
нивните зададени вредности, како балансот на белата боја, тонот на
бојата, тајмерот и режимот на сцени. Направете проверка пред снимање
на наредната фотографија.
•  Менито Поставки е поставено преку визирот, така што при промена на
елементи на бојата или квалитетот на фотографијата, вие ќе ја видите
промената на екранот зад менито Поставки.