LG G Pad 8.3 User Guide

Page of 560
72
QPair карактеристики
Аларм за повик – Испраќа известување на таблетот кога телефонот прима
повик. Известувањето го прикажува бројот на повикувачот и ви овозможува
да го одбиете повикот.
Аларм за порака – Испраќа известување на таблетот кога телефонот прима
порака.
SNS известувања – Приказ на SNS известувања на статусната лента на
таблетот по нивното пристигнување на телефонот.
ЗАБЕЛЕШКА: За овозможување на оваа функција, вклучете Поставки >
Достапност > QPair SNS известување прво на телефонот. Оваа опција
ви овозможува да бидете известени на телефонот кога на таблетот ќе
пристигне SNS известување.
Прати QuickMemo – Ги зачувува вашите тековни QuickMemo во Галеријата
на таблетот, а потоа ја синхронизира оваа Галерија со Галеријата на вашиот
телефон.
Интернет конекција преку мобилен телефон – Автоматски го поврзува
вашиот таблет на Интернет преку вашиот мобилен телефон (како Wi-Fi
hotspot). Користењето на оваа функција може да предизвика трошоци. За
да зачувате користење на податоци на телефонот, телефонот автоматски се
поврзува со било кој доверлив Wi-Fi hotspot во рамките на опсегот.
Лепенка за последна користена апликација – Приказ на лепенка за
апликација која неодамна сте ја користеле на телефонот при вклучување на
екранот. Ви овозможува да ја користите истата апликација на таблетот. Исто
така, можете да селектирате лепенка за апликација на телефонот која сте ја
користеле на таблетот.