LG G Pad 8.3 User Guide

Page of 560
97
Информации за сопственикот – Обележете за да го поставите името на
сопственикот на уредот да биде прикажано на Заклучениот екран. Допрете
за да го внесете текстот кој сакате да биде прикажан како Информации за
сопственикот.
Само вертикален приказ – Обележете за Заклучениот екран секогаш да е
во вертикален приказ.
Мерач на време за заклучување – Поставување на времето пред екранот
автоматски да се заклучи откако ќе измине зададеното време.
Копчето за вклучување веднаш се заклучува – Штиклирајте за
моментално заклучување на екранот при притиснување на копчето за
напојување/заклучување. Оваа поставка добива предност над поставката
Тајмер за безбедносно заклучување.
< Осветленост > 
Прилагодете ја светлината на екранот.
< Време на истекување на екран >
Поставете го времетраењето на екранот
< Вклучи екран >
Обележете за да се овозможи KnockON да го вклучи и исклучи екранот.
Брзо допрете го двапати централниот дел на екранот за вклучување на
екранот. Допрете двапати на статусната лента, на празен дел од почетниот
екран или на Екранот за заклучување за да го исклучите екранот. За
најдобри резултати, не го движете таблетот додека ја користите опцијата
KnockON.