LG LG G Pad 8.3 User Guide

Page of 560
12
Ефикасно работење на уредот
Електронски уреди
Сите таблет уреди може да добијат пречки, кои би можеле да влијаат на
перформансите.
•  Не користете го вашиот таблет уред во близина на медицинска опрема без
да побарате дозвола. Избегнувајте да го ставате таблетот над пејсмејкери, на
пример, во џебот на градите.
•  Некои слушни помагала може да бидат нарушени од таблет уредот.
•  Помали пречки може да се јават кај телевизорите, радиоприемниците,
компјутерите, итн.
Безбедност при патување
Проверете ги законите и прописите за користење на таблет уредот во
просторот кога возите.
•  Не користете рачен уред додека возите.
•  Посветете го целосното внимание на возењето.
•  RF енергијата може да влијае врз некои електронски системи во вашето
возило, на пр. врз стерео уредот или безбедносната опрема.
•  Ако вашето возило е опремено со воздушно перниче, внимавајте да не го
попречите со инсталираната или преносливата безжична опрема. Може
да дојде до неисправност на воздушното перниче или сериозни повреди
заради направилното функционирање.
•  Доколку слушате музика додека сте излезени, ве молиме одржувајте ја
јачината на звукот на разумно ниво, за да можете да бидете свесни за вашата
околина. Ова е особено важно кога се наоѓате во близина на сообраќај.