LG LG G Pad 8.3 User Guide

Page of 560
39
За преуредување на елементите на Брзите поставки на панелот 
за известувања
Отворете го панелот за известувања и допрете
. Потоа ќе можете да ги
разгледате и преуредите саканите елементи од менито на Брзите поставки.
QSlide апликации на Панелот за известувања
QSlide апликациите се прикажани во лента на Панелот за известувања
под лентата за Брзи поставки. Овие икони нудат брз и лесен начин за
мултитаскинг на истиот екран (слично како слика-во-слика на ТВ). QSlide
прикажува мал апликациски прозорец на екранот кој може да се движи, да ја
промени големината или да се направи проѕирен.
Користење на апликациите QSlide 
Допрете некоја од QSlide апликациите во лентата за да ја активирате. Кога е
активирана, функцијата QSlide ја отвора апликацијата во прозорец во преден
план, овозможувајќи ви пристап во други апликации во позадина. Можете да
отворите до два QSlide прозорци во исто време.
Икони-индикатори на статусната лента
Иконите индикатори се појавуваат на Статусната лента на врвот на екранот за
да пријавуваат календарски настани, статус на уредот и многу повеќе.
Иконите прикажани на врвот на екранот ве информираат за статусот на
уредот. Во табелата подолу, прикажани се некои од најчестите икони.