LG LG G Pad 8.3 User Guide

Page of 560
78
Допрете ги копчињата на прикажаниот далечински управувач.
ЗАБЕЛЕШКА: При додавање на далечински управувач за телевизор,
QuickRemote може да го користи копчето INPUT (ВЛЕЗ) за конфигурирање
на соодветно далечинско управување. При конфигурирање на копчето
INPUT (ВЛЕЗ), влезниот извор на телевизорот може да се промени. За
ресетирање на влезниот извор на телевизорот, допрете го копчето INPUT
(ВЛЕЗ) на QuickRemote неколку пати (во зависност од бројот на уреди
поврзани со телевизорот).
QuickRemote опции
За да пристапите на менито со опции за QuickRemote, допрете го Мени 
копчето
(во предната лентата со копчиња на допир) за да ја одберете
саканата опција.
ЗАБЕЛЕШКА: Додека свири музика во позадина, со притискање на било
кое копче QuickRemote ќе го исклучите звукот за една секунда.
QuickTranslator
Едноставно насочете ја камерата на вашиот паметен таблет на странската
реченица која сакате да ја разберете. Ќе може да добиете превод во реално
време насекаде и во секое време.
Од Google Play Store можете да купите дополнителни речници за
преведување без поврзување на интернет.