LG LG G Pad 8.0 User Guide

Page of 582
42
Повеќе корисници
Може да се создаде само еден ИД на сопственикот на таблетот, но може да 
се додадат повеќе кориснички ИД, така што да може и други да се логираат и 
да го користат таблетот независно. Секој корисник може да ги конфигурира 
подесувањата на својот таблет, да ја користи својата меморија и да има 
предност да ја ажурира својата апликација. 
Предности на сопственикот на таблетот
•  Само идентификациониот број на сопственикот на таблетот може да додаде 
идентификационен број за најавување на нов корисник и да ги отстрани 
корисничките идентификациони броеви. 
Повеќекратни ограничувања на корисникот на таблетот
•  Сите корисници ја делат истата батерија, внатрешна меморија и користење 
на податоци со останатите корисници. 
•  Поставувањата на јазикот поставени од страна на еден корисник се 
однесуваат на сите други корисници.
•  Секој корисник може да ги конфигурира и користи само своите содржини и 
податоци (на пример, подесувања на почетниот екран, звучни поставувања, 
итн.)
•  Било кој корисник може да ги прифати ажурираните дозволи за апликации 
во името на сите други корисници. 
•  Пораките и закажаните настани во дневниот ред ќе се испратат за да го 
известат само наведениот идентификационен број на корисникот. 
•  Штом корисникот ќе започне со печатење на документот со помош на 
Печатење преку телефон, процесот на печатење ќе продолжи дури и ако 
идентификациониот број на корисникот е променет.