LG LG G Pad 8.0 User Guide

Page of 582
63
E-mail
Менување на општите поставки за e-mail:
Отворете ја E-mail апликацијата и притиснете на Мени копчето   > 
Поставки > Општи поставки за да ги конфигурирате подесувањата кои се 
однесуваат на сите ваши профили. Допрете индивидуален профил за да ги 
конфигурирате подесувањата само за тој конкретен профил. 
За да избришете e-mail сметка:
•  Отворете ја Email апликацијата и притиснете на Мени копчето   > 
Поставки > Мени копчето   > Отстрани сметка > допри го профилот кој 
сакаш да го избришеш > Отстрани > Да.
Работа со фолдери на сметка
Отворете ја E-mail апликацијата и притиснете на Мени копчето   и 
одберете Фолдери
Секоја сметка има фолдер за Влезно сандаче, Излезно сандаче, Пратени и 
Нацрт. Во зависност од функциите кои ги поддржува обезбедувачот на услуги 
на вашата сметка, може да имате дополнителни фолдери.
Составување и испраќање e-mail пораки
Додека сте кај E-mail апликацијата, притиснете Состави 
.
Внесете адреса на примателот на пораката. Додека внесувате текст, се 
прикажуваат понудените адреси кои се совпаѓаат од вашите контакти. Ако 
има повеќе адреси, разделете ги со точка-запирка.
Притиснете на Додади 
 за да додадете датотеки, ако е потребно.
Внесете го насловот и вашата порака.