LG V480 User Guide

Page of 582
100
Тип на фонт – Променете го типот на фонтот на екранот. 
Големина на фонт – Променете ја големината на фонтот на екранот. 
Паметен екран – Екранот останува вклучен кога уредот забележува дека 
вашите очи гледаат во екранот. 
Копчиња на допир на почетниот екран – Ви овозможува да поставите кои 
Копчиња на допир на почетен екран се прикажани и нивната положба на 
листата. Можете исто така да изберете боја и позадина.
Калибрација на сензорот за движење – Ви овозможува да ја подобрите 
прецизноста на закосувањето и брзината на сензорот.
Меморија
ВНАТРЕШНА МЕМОРИЈА – Го прикажува вкупниот износ на простор 
во меморијата на уредот и наведува каков тип на податоци го користат 
просторот.
SD КАРТИЧКА – Го прикажува вкупниот износ на мемориски простор на 
microSD картичката. 
Воспостави/Оневозможи SD картичка – Ја монтира и одмонтира 
microSD картичката од вашиот таблет, така што можете да пристапите до 
податоците складирани во неа, да ја форматирате картичката или безбедно 
да ја отстраните. Оваа поставка е избледена ако не е инсталирана microSD 
картичка, ако таа веќе е оневозможена, или пак ако е овозможена на 
компјутерот.
Избриши SD картичка – Трајно брише сè на microSD картичката и ја 
подготвува за употреба со вашиот таблет.
Батерија
ИНФОРМАЦИИ ЗА БАТЕРИЈА – Видете колку енергија од батеријата се 
користи за активностите на уредот. Нивото на батеријата е прикажано во 
проценти. Исто така се прикажува и преостанатото време за употреба.