LG V700 User Guide

Page of 584
5
Околу упатството за користење
•  Пред да започнете со користење на уредот, ве молиме внимателно 
прочитајте го ова упатство. Така ќе бидете сигурни дека го користите Вашиот 
уред безбедно и правилно.
•  Некои од фотографиите и сликите од екранот дадени во овој водич може да 
се поинакви на вашиот таблет.
•  Вашата содржина може да се разликува од конечниот производ или од 
софтверот кој го испорачуваат обезбедувачите на услуги или операторите. 
Овие содржини подлежат на промени без претходно известување. 
Најновата верзија од ова упатство можете да ја превземете од веб-сајтот на 
LG преку www.lg.com.
•  Апликациите на вашиот уред и нивните функции може да варираат според 
земјата, регионот или хардверските спецификации. Компанијата LG нема 
да биде одговорна за какви било проблеми со функционирањето кои 
произлегуваат од користењето апликации кои не ги развила компанијата 
LG.
•  Компанијата LG нема да биде одговорна за какви било проблеми 
со функционирањето или некомпатибилности кои се последица на 
уредувањето на поставките на регистарот или менувањето на оперативниот 
систем. Секој обид за прилагодување на оперативниот систем може да 
предизвика уредот или неговите апликации да не работат правилно.
•  Софтверот, звучните записи, заднините, сликите и другите медиски 
содржини испорачани со уредот се понудени со лиценца за ограничена 
употреба. Ако ги издвоите и користите овие материјали за комерцијални 
или други цели, можно е да вршите прекршување на законите за заштита на 
авторските права. Како корисник, во целост сте одговорни за нелегалното 
користење на медиските содржини.
Околу упатството за користење