LG V700 User Guide

Page of 584
15
•  Реалното траење на батеријата зависи од конфигурацијата на мрежата, 
поставките на производот, начинот на користење, како и состојбата на 
батеријата и околината.
•  Внимавајте никакви остри предмети како на пр. заби од животни или нокти 
да не дојдат во контакт со батеријата. Ова може да предизвика пожар.
 ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Известување за промена на батеријата
•  Литиум-јонската батерија е опасна компонента која може да предизвика 
повредување. 
•  Менувањето на батеријата од страна на неквалификувани лица може да 
доведе до оштетување на вашиот уред.  
•  Не ги отстранувајте батериите сами. Батеријата може да биде оштетена, 
што може да предизвика прегрејување и повреда. Батеријата мора да 
биде заменета од страна на овластен сервисер. Батеријата треба да се 
рециклира или да се отстрани одделно од отпадот од домаќинствата.
•  Доколку производот содржи батерија што е вградена во производот 
и што не можат крајните корисници да ја отстранат, LG препорачува 
батеријата да ја отстранат само квалификувани професионални лица, 
било да е за менување или за рециклирање по истекот на животниот 
век на производот. За да спречат оштетување на производот и поради 
нивна сопствена безбедност, корисниците не треба да се обидуваат да 
ја отстрануваат батеријата и треба да ја контактираат линијата за помош 
при услуги на LG или други независни испорачувачи на услуги.
•  Отстранувањето на батеријата значи и расклопување на куќиштето на 
производот, исклучување на електричните кабли/контакти и внимателно 
вадење на батеријата со специјализиран алат. Доколку ви се потребни 
инструкциите за квалификувани професионални лица за тоа како да ја 
отстраните батеријата безбедно, посетете ја веб-страницата http://www.