LG V700 User Guide

Page of 584
51
Wi-Fi
Со Wi-Fi, можете да добиете брз интернет пристап во рамките на областа на 
покривање на безжичната пристапна точка (AP). Уживајте во безжичниот 
интернет со користење на Wi-Fi, без дополнителни трошоци. 
Поврзување со Wi-Fi мрежи
За да користите Wi-Fi на вашиот таблет треба да имате пристап до безжична 
пристапна точка или "hotspot". Некои пристапни точки се отворени и можете 
едноставно да се поврзете на нив. Други се скриени или употребуваат 
безбедносни карактеристики; мора да го конфигурирате вашиот таблет да 
биде во можност да се поврзе со нив. Исклучете Wi-Fi кога не се користи, за да 
го зголемите траењето на батеријата. 
Вклучување на Wi-Fi и поврзување со Wi-Fi мрежа
На почетниот екран, допрете Апликации 
 > јазиче Апликации > 
Поставки   > Wi-Fi.
Допрете 
 за да го вклучите Wi-Fi и почнете со скенирање за достапни 
Wi-Fi мрежи.
Допрете Пребарување за да видите листа на активни и Wi-Fi мрежи кои се 
во вашиот опсег.
•  Безбедните мрежи се означени со икона за заклученост.
Допрете мрежа за да се поврзете на неа.
•  Ако мрежата е безбедна, од вас ќе се побара да внесете лозинка или 
други податоци. (За повеќе детали обратете се до администраторот на 
мрежата)
На Статусната лента се прикажани икони кои укажуваат на вашиот Wi-Fi 
статус.
Поврзување со мрежи и уреди