LG V700 User Guide

Page of 584
58
Поврзување со PC со помош на USB кабел
Можете да го поврзете таблетот со вашиот PC за да го наполните, да 
префрлате содржини на персоналниот компјутер од таблетот и обратно.
Префрлување музика, фотографии и видео со помош на 
режимот Медиумски уред (MTP)
Поврзете го вашиот таблет на компјутер користејќи USB кабел.
Ако немате инсталирано драјвер за LG Android платформата на вашиот PC, 
ќе треба рачно да ги промените поставките. На почетниот екран допрете 
и задржете го копчето неодамнешни апликации 
 > Системски 
поставки > Меморија > Мени иконата   > USB PC  врска > Медиумски 
уред (MTP).
Ќе можете да ја прегледате содржината на меморискиот уред на вашиот PC 
и да ги префрлите фајловите.
Синхронизирање со Windows Media Player
Проверете дали Windows Media Player е инсталиран на вашиот PC.
Користете го USB кабелот за да го поврзете таблетот со PC на кој е 
инсталиран Windows Media Player.
Изберете ја опцијата Медиумски уред (MTP) .
По поврзувањето, на компјутерот ќе се прикаже појавувачки прозорец. 
Одберете ја опцијата Windows Media Player за да ги синхронизирате 
музичките датотеки.
Уредете го или внесете го името на вашиот уред во појавувачкиот 
прозорец (ако е потребно).
Одберете ги и повлечете ги музичките датотеки до листата за 
синхронизирање.
Започнете со синхронизација.