LG V700 User Guide

Page of 584
63
За да избришете e-mail сметка:
•  Отворете ја апликацијата E-mail и допрете го Мени копчето   > Поставки 
> Мени копче   > Отстрани копчето > допрете ја сметката што сакате да 
ја избришете > Отстрани > Да.
Работа со фолдери на сметка
Отворете ја апликацијата E-mail и допрете го Мени копчето   и изберете 
Фолдери
Секоја сметка има фолдер за Влезно сандаче, Излезно сандаче, Испратено 
и Нацрти. Во зависност од функциите кои ги поддржува обезбедувачот на 
услуги на вашата сметка, може да имате дополнителни фолдери.
Составување и испраќање e-mail пораки
Додека сте кај E-mail апликацијата, притиснете Состави 
.
Внесете адреса на примателот на пораката. Додека внесувате текст, се 
прикажуваат понудените адреси кои се совпаѓаат од вашите контакти. Ако 
има повеќе адреси, разделете ги со точка-запирка.
Притиснете на Прикачи 
 за да додадете датотеки, ако е потребно.
Внесете го насловот и вашата порака.
Притиснете на Испрати 
 за да ја испратите пораката. 
Ако не сте поврзани на некоја мрежа, на пример, ако работите на режим за 
авион, пораките кои ги праќате ќе се зачуваат во вашиот фолдер Излезно 
сандаче се додека повторно не се поврзете на некоја мрежа. Ако постојат 
пораки кои чекаат да бидат испратени, Излезното сандаче се прикажува на 
екранот Сметки.