LG V700 User Guide

Page of 584
69
Отсекување – Отсекување на фотографијата. Движете го прстот низ екранот 
за да изберете област која сакате да биде отсечена.
Додај локација – За додавање на информации за локацијата.
Преименувај – Допрете за да го уредите името на избраната фотографија.
Печати – Ви овозможува да ја испечатите фотографијата.
Детали – Прикажува повеќе информации за фотографијата.
Прегледување на зачуваните фотографии
Во режимот за фотоапарат можете да им пристапите на зачуваните 
фотографии. Едноставно допрете го прегледот на фотографијата до копчето 
за фотографирање и ќе се прикаже вашата галерија.
Одберете ја апликацијата која ќе ја користите за преглед и/или уредување 
на вашите фотографии. Допрете Галерија 
 или Photos 
.
Допрете OK.
•  За да погледнете повеќе фотографии, придвижете се налево или надесно.
•  За зголемување или намалување на зумот, допрете двапати на екранот 
или ставете два прста на него и раширете ги (за намалување доближете 
ги прстите).
Снимање видео
Отворете ја апликацијата Фотоапарат.
Насочете го објективот кон предметот што сакате да го снимите во вашето 
видео.
Допрете ја иконата за видео режим 
 за да започнете со снимање.
Ќе се појави тајмер кој ја прикажува должината на видео записот.
Допрете 
 на екранот за да го запрете снимањето.