LG D373EU User Manual
36
Поврзување со мрежи и уреди
Wi-Fi
Со Wi-Fi, можете да добиете брз интернет пристап во рамките на областа на покривање на
безжичната пристапна точка (AP). Уживајте во безжичниот интернет со користење на Wi-Fi,
без дополнителни трошоци.
Поврзување со Wi-Fi мрежи
За да користите Wi-Fi на телефонот, потребно е да пристапите до безжични пристапни
точки или ‘жешки точки’. Некои пристапни точки се отворени и можете едноставно да се
поврзете на нив. Други пак се скриени или користат безбедносни функции; ќе мора да го
конфигурирате телефонот за да се поврзе со нив.
Исклучете Wi-Fi кога не се користи, за да го зголемите траењето на батеријата.
Исклучете Wi-Fi кога не се користи, за да го зголемите траењето на батеријата.
ЗАБЕЛЕШКА: Доколку сте надвор од Wi-Fi зоната или сте го поставиле Wi-Fi на
ИСКЛУЧЕНО, можно е пресметување на дополнителни трошоци од страна на вашиот
мобилен оператор заради користење на мобилен пренос на податоци.
Вклучување на Wi-Fi и поврзување со Wi-Fi мрежа
1
Притиснете
>
> картичката Апликации > Поставки > картичката Мрежи >
Wi-Fi.
2
Поставете Wi-Fi на ВКЛУЧЕНО за негово вклучување и започнување со скенирање на
достапни Wi-Fi мрежи.
3
Повторно допрете го менито Wi-Fi за да погледнете листа на активните и достапните
Wi-Fi мрежи.
•
Безбедните мрежи се означени со икона за заклученост.
4
Допрете мрежа за да се поврзете на неа.
•
Ако мрежата е безбедна, од вас ќе се побара да внесете лозинка или други податоци.
(За повеќе детали обратете се до администраторот на мрежата)
5
На статусната лента се прикажуваат икони кои го означуваат Wi-Fi статусот.