LG H650E User Guide

Page of 594
5
Напатствија за безбедно и ефикасно користење
Симбол
Опис
Производителите на пејсмејкери препорачуваат да се 
одржува растојание од најмалку 15 cm помеѓу другите 
уреди и пејсмејкерот за да се избегнат можните пречки 
при работата на пејсмејкерот.
Во болници, клиники и други здравствени установи, 
исклучете го вашиот телефон доколку тоа се бара од 
вас. Ова е потребно за да се избегнат евентуалните 
пречки кои телефонот може да ги предизвика врз 
чувствителните медицински уреди.
Исклучете го вашиот безжичен уред доколку од вас тоа 
го побара персоналот на аеродромите или во авионот. За 
повеќе информации околу користењето на безжичните 
уреди во авион, обратете се до екипажот. Доколку уредот 
има "режим на летање", тој мора да се активира пред 
влегувањето во авионот.
Исклучете го уредот или безжичниот уред кога се наоѓате 
во подрачје во кое има експлозии или во подрачја за 
кои постојат совети за "исклучување на двонасочните 
радио уреди" или "електронските уреди" за да се 
избегне попречување во операциите и да се избегне 
предизвикување на експлозии.
Во подрачјата со потенцијално експлозивни атмосфери 
се вбројуваат и подрачјата со гориво, складиштата на 
бродовите, постројките за превоз или складирање на 
горива и хемикалии, подрачја каде воздухот содржи 
хемикалии или честички во облик на ситни зрна, 
прашина или метален прав.