LG H650E User Guide
![LG](https://files.manualsbrain.com/attachments/ee77646dae7d27898063f2ad99585a7eedae3245/common/fit/150/50/6ca13fe6e2971354bf81a860de34f857dca6461b0d1f494cf2228495db3b/brand_logo.png)
93
Поставки
• Печатење – Ви овозможува да ги печатите содржините на
одредени екрани (како што се веб-страници прикажани во
Chrome) на печатач поврзан на истата Wi-Fi мрежа како и вашиот
Android уред.
Делење
• USB делење – Ви овозможува да ја споделувате интернет врската
со вашиот компјутер преку USB кабел.
• Wi-Fi пристапно – Ви овозможува да креирате “жешка точка” и
да ја споделувате вашата врска. Ве молиме прочитајте го делот
"Споделување на податочната врска од вашиот телефон" за
повеќе информации.
• Bluetooth поврзување – Ви овозможува да се поврзувате на
други уреди преку Bluetooth.
• Помош – Прикажува помошни информации во врска со USB
делењето, Wi-Fi “жешките точки” и Bluetooth поврзувањето.
Повеќе
• Режим на работа во авион – Режимот на работа во авион (режим
на летање) ви овозможува да користите разни функции на вашиот
телефон, како игри и музика, кога се наоѓате на место каде што
воспоставувањето или примањето повици или користењето на
податоци е забрането. Кога ќе го поставите телефонот во режим
на работа во авион, тој не може да остварува или да прима повици
или да пристапува до онлајн податоци.
• Мобилни мрежи – Ова мени ви овозможува да конфигурирате
разни поставки за мобилната мрежа.
• VPN – Од вашиот телефон можете да додавате, поставувате
и управувате со виртуелни приватни мрежи (VPN) кои ви
овозможуваат да се поврзете и да пристапите до ресурси во
рамките на обезбедена локална мрежа, како на пример вашата
корпоративна мрежа.