LG Gpad 10.1 LGV700 negro User Guide

Page of 584
9
•  Ограничувањето на SAR препорачано од страна на Меѓународната комисија 
за заштита од нејонизирачко зрачење (ICNIRP) е просечно 2 W/kg на 10 g 
ткиво.
•  Највисоката SAR вредност за овој уред кога се носи на телото, како што е 
опишано во упатството, е 0,656 W/kg.
•  Овој уред ги исполнува упатствата за RF изложеност кога се користи или 
во нормална позиција за користење наспроти увото или во позиција од 
најмалку 0,00 см оддалечен од телото. Кога за носење на телото се користи 
футрола, спојувалка за каиш или држач, тие не треба да содржат метал и 
треба да го постават производот најмалку 0,00 см оддалечен од вашето тело. 
За да пренесува податочни фајлови или пораки, на овој уред му е 
потребна квалитетна врска со мрежата. Во некои случаи, пренесувањето 
на податочни фајлови или пораки може да биде одложено додека не се 
воспостави такво поврзување. Придржувајте се до горните инструкции во 
однос на растојанието сè додека преносот не биде завршен.
Чување и одржување на производот
 
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Користете само батерии, полначи и други додатоци одобрени за 
користење со овој одреден модел на уред. Употребата на било какви други 
видови може да го поништи одобрението или гаранцијата која се однесува 
на уредот и може да биде опасна.
•  Не расклопувајте го овој уред. Однесете го на квалификуван сервисер 
доколку е потребна негова поправка.
•  Поправките извршени под гаранција, по проценка на LG, може да 
вклучат делови или електронски плочи за замена кои ќе бидат нови или 
репарирани, доколку тие имаат еднаква функционалност со оние делови 
кои се заменуваат.