LG Gpad 10.1 LGV700 negro User Guide

Page of 584
44
•  Будилникот ќе се вклучи во времето што го поставил секој поединечен 
корисник.
•  Пораките и закажаните настани во дневниот ред ќе се испратат за да го 
известат само наведениот идентификационен број на корисникот. 
•  Штом корисникот ќе започне со печатење на документот со помош на 
Печатење преку телефон, процесот на печатење ќе продолжи дури и ако 
идентификациониот број на корисникот е променет. 
•  Преносот на податоци (освен Play Store), преземањето, репродукцијата на 
мултимедијални содржини и комуникациски услуги ќе се прекинат ако се 
измени идентификациониот број на корисникот.
За да додадете нов корисник на вашиот таблет
На почетниот екран, допрете Апликации 
 > Поставки   > Корисник 
Додади кориснички.
Изберете го типот на корисник што сакате да го додадете.
•  Корисник: Корисниците имаат свои апликации и содржина.
•  Ограничен корисник: Можете да го ограничите пристапот до 
апликациите и содржината на вашиот профил.
Волшебникот за подесувања се отвора за да ви помогне да додадете нов 
корисник. Допрете Постави сега.
•  По создавањето на нов корисник, тоа лице треба да помине низ 
процесот на поставување по првата најава.
За промена на корисниците
Повлечете ја надолу статусната лента во горниот дел од екранот.
Допрете ја корисничката икона 
 за да се прикаже панелот за менување 
на корисникот.
Допрете една од корисничките икони на екранот. Изберете име на 
сопственикот или кое било друго корисничко име кое сте го креирале.