LG Gpad 8.0 LGV490 blanco User Guide

Page of 614
102
Мобилен податочен
Ја прикажува употребата на информации во одбрани временски периоди. 
Допрете на апликација од листата за да ги видите податоците за употреба на 
апликацијата.
Сподели и поврзи
Ви овозможува да конфигурирате разни опции за споделување податоци и 
поврзување со други уреди.
SmartShare Beam – Ви овозможува да добивате мултимедијална содржина од 
телефони и таблети LG. 
ЗАБЕЛЕШКА: Мора да ја вклучите одликата Wi-Fi за да го активирате 
Зракот за паметно споделување.
Медиумски сервер – Споделувајте медиумски содржини со блиски уреди 
преку DLNA.
Miracast – Можете безжично да го пресликувате екранот и звукот на 
телефонот на LG Miracast примопредавател или телевизор.
ЗАБЕЛЕШКА: За брзо започнување на одликата Miracast, допрете ја 
иконата Miracast на панелот за известување. Додека пресликувате, можете 
истовремено да го употребувате мобилниот хотспот.
LG PC Suite – Ви овозможува да ја користите LG PC Suite за пренос на музика и 
слики помеѓу компјутер и вашиот таблет.
Делење & Мрежи
Ви овозможува да поврзувате други уреди со таблетот за да користите 
интернет или да ги одредувате поставките на мрежите.