LG K4-LGK120E-BK User Guide

Page of 462
Поставки
78
Прeвpти кoпчињa – Заменете ги копчињата на глувчето за да 
се користи десното копче како главно.
Локација
Вклучете ја услугата за локација, вашиот уред ќе ја одреди 
вашата приближна локација со користење на Wi-Fi и мрежите 
на уредот. Кога ќе ја изберете оваа опција, ќе бидете запрашани 
дали се согласувате Google да ја користи вашата локација при 
обезбедување на овие услуги.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Општо > Локација.
Начин на работа – Поставува како се одредуваат 
информациите за вашата тековна локација.
Фотоапарат – Овозможете за да означувате фотографии или 
видео снимки со нивните локации.
Историја на локација на Google – Ви овозможува да ги 
изберете поставките за вашата тековна локација до кои имаат 
пристап Google и неговите производи.
Сметки и синхронизација
Користете го ова мени за додавање, отстранување или управување 
со Google и другите поддржани сметки. Овие поставки можете да 
ги употребите и за контрола - како и дали сите апликации можат 
да испраќаат, примаат и синхронизираат податоци по нивен 
сопствен распоред и дали сите апликации можат автоматски да ги 
синхронизираат корисничките податоци. 
Gmail™, Calendar и другите апликации исто така може да имаат и 
сопствени поставки за контрола како тие вршат синхронизирање 
на податоци; погледнете ги деловите за овие апликации за повеќе 
детали.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Општо > Сметки и 
синхронизација.
Автоматско синхронизирање на податоци – Овозможете ја 
оваа опција за автоматско синхронизирање на сите сметки кои 
сте ги додале на вашиот уред.