LG LGW105E User Manual

Page of 192
3
Ве молиме прочитајте ги овие едноставни инструкции. Нивното непочитување може да 
биде опасно или противзаконско. Доколку настане грешка, во вашиот уред е вградена 
софтверска алатка која ќе запише дневник за евиденција на грешки. Оваа алатка прибира 
само податоци кои се специфични за грешката. Дневникот за евиденција се користи само 
за да се одреди причината за грешката. Овие дневници за евиденција се шифрирани и до 
нив може да пристапи единствено овластен LG центар за поправки каде би требало да го 
однесете вашиот уред за поправка.
Изложување на радиофреквентна енергија
Информации за изложување на радиобранови и специфична апсорпциона стапка (SAR).
Овој производ е дизајниран за да ги задоволува безбедносните барања за изложување 
на радиобранови. Овие барања се базираат на научни упатства кои вклучуваат граници 
на безбедност потребни да ја гарантираат сигурноста на сите луѓе, независно од нивната 
возраст или здравствена состојба.
Во упатствата за изложување на радиобранови се користи мерна единица позната како 
специфична апсорпциона стапка или SAR. Тестот за SAR се спроведува со употребување 
на стандардни методи при кои производот емитува на највисокото потврдено 
енергетско ниво на сите користени фреквентни појаси.
Иако постојат разлики помеѓу нивото на SAR кај различни модели на LG производи, 
сите тие се дизајнирани да ги задоволат релевантните мерки за изложување на 
радиобранови.
Границата на SAR препорачана од Меѓународната комисија за заштита од нејонизирачко 
зрачење (ICNIRP) е 2W/kg во просек на 10 грама ткиво за SAR на уста и за носење на 
телото или 4,0 W/kg во просек на 10 грама ткиво за SAR на раце.
Највисоката вредност на SAR за овој модел тестиран при поставување веднаш до 
уста(лице) изнесува 0,537 W/kg (10g), при носење на телото е 1,140 W/kg (10g), а при 
поставеност на раце(рачен зглоб) изнесува 2,170 W/kg (10g).
Овој уред е тестиран за типични услови на носење на раце(рачен зглоб) на 
оддалеченост од 0 cm помеѓу телото на корисникот(рачен зглоб) и задната страна на 
уредот. Кога уредот се користи за носење на телото, не го држете уредот во близина на 
метални елементи. Секогаш поставувајте го производот на растојание од најмалку 0,5 cm 
од торзото на телото. Дополнително, овој уред е тестиран за типични услови на носење 
веднаш до уста(лице) со предната страна на уредот на оддалеченост од 1 cm помеѓу 
устата на корисникот(лицето) и предната страна на уредот. 
Напатствија за безбедно и ефикасно користење