LG LGW105E User Manual

Page of 192
16
За да ја наполните батеријата, отворете го капачето за USB и поврзете го кабелот за 
полнење на производот.
KizON е опремен со батерија од литиум-јонски полимер. 
Ова ви овозможува да ја наполните вашата батерија 
пред целосно да се испразни. Потребно е околу 3 часа 
за целосно да се наполни KizON. Кога батеријата ќе 
достигне 5% од својот капацитет, LED светилката на 
копчето за напојување/повик трепка во црвена боја.
ЗАБЕЛЕШКА: 
Не го користете производот додека се полни.
Откако ќе заврши полнењето, отстранете го кабелот за полнење од производот.
Ве молиме користете го кабелот за полнење кој е испорачан во кутијата.
Можете да го проверите преостанатото ниво на батерија со брзо и двојно 
притиснување на копчето за напојување/повик кога производот не се полни.
Поврзете го USB кабелот за пренос на податоци на производот со USB иконата 
завртена нагоре. Неправилното поврзување на USB кабелот може сериозно да го 
оштети производот.
Доколку забележите нешто необично кај полначот или кај приклучоците за батерии, 
не продолжувајте со полнењето на производот. Контактирајте го Центарот за услуги 
за корисници на LG Electronics и проверете го производот во вашиот најблизок 
Центар за услуги на LG Electronics. Користењето на неисправен полнач носи ризик од 
пожар.
Полнење на батеријата