LG LGW105E User Manual

Page of 192
23
Регистрирање на гостински телефонски број
Корисникот може да прима повици од четири гости по старател, односно осум вкупно. 
Регистрирајте го телефонскиот број на гостинот во апликацијата KizON на старателот. 
1  
Отворете ја апликацијата KizON на уредот на старателот. Потоа, изберете Поставки > 
Дозволени контакти.
2  
Внесете го името и телефонскиот број на гостинот. 
ЗАБЕЛЕШКА: 
Можете да ги регистрирате сите телефонски броеви на гостинот вклучувајќи ги 
броевите на фиксниот (жичен/безжичен) и мобилниот телефон. 
Корисникот може само да прима повици од гостите. Започнувањето повици кон 
гостите не е достапно. 
Во апликацијата KizON можете да регистрирате и да ги менувате телефонските броеви 
на гостите. 
Внимавајте да ги внесете повикувачките кодови при регистрирање на броевите 
на фиксните телефони. Корисникот не може да прима повици од броеви без 
повикувачки код. 
Доколку е променет одреден број на мобилен телефон, регистрирајте го новиот број 
на мобилен телефон. Корисникот не може да прима повици ако регистрираниот број 
не е повеќе во употреба.