LG LG G Pad User Guide

Page of 560
37
Враќање на неодамна користените апликации
Допрете го и држете го Копчето за почетен екран
. На екранот ќе
се прикаже појавувачки прозорец со икони на апликациите кои сте ги
користеле последни.
Допрете на икона за да ја отворите апликацијата. Или допрете го Копчето 
за назад
за да се вратите на претходниот екран.
Известувања
Известувањата ве информираат за новите пораки, настаните во календарот,
алармите, како и за настаните кои се во тек, како на пр. превземањето на
видео записи.
На Панелот за известувања можете да го видите моменталниот статус на
вашиот таблет и непрегледаните известувања.
Кога ќе пристигне известување, неговата икона ќе се прикаже во горниот дел
од екранот. Иконите за непрегледани известувања се појавуваат на левата
страна, а системските икони кои покажуваат нешта како Wi-Fi или силата на
батеријата се на десната страна.
ЗАБЕЛЕШКА: Достапните опции може да варираат во зависност од
регионот или давателот на услугата.
Непрегледани 
известувања
Системски икони како Bluetooth, 
Wi-Fi и статус на батеријата