LG LG G Pad User Guide

Page of 560
46
Bluetooth
За разлика од повеќето други мобилни телефони, можете да користите
Bluetooth за да испратите податоци со активирање на соодветната
апликација, а не преку Bluetooth менито.
ЗАБЕЛЕШКА:
•  LG не презема одговорност за загубата, попречувањето или
неправилното користење на податоците кои се испратени или примени
преку Bluetooth безжичната функција.
•  Секогаш осигурете се дека податоците ги споделувате и примате од
уреди кои се доверливи и соодветно заштитени. Доколку постојат пречки
помеѓу уредите, работното растојание може да се намали.
•  Некои уреди, особено оние кои не се тестирани или одобрени од
Bluetooth SIG, може да не бидат компатибилни со вашиот уред.
Вклучување на Bluetooth и спарување на вашиот таблет со 
Bluetooth уред
Пред да се поврзете со друг уред, вашиот уред мора да го впарите со тој уред.
На почетниот екран, допрете Апликации
> Апликации јазиче >
Поставки
> Bluetooth од БЕЗЖИЧНИ МРЕЖИ.
Допрете
за да го вклучите Bluetooth. Ќе се прикаже опција за да го
направите вашиот таблет да биде видлив. Потоа допрете Барај уреди за да
ги видите уредите во опсег.
Од листата изберете го уредот со кој сакате да извршите впарување.
Откако ќе се изврши успешно впарување, вашиот уред ќе се поврзе со
другиот уред.