LG LG G Pad User Guide

Page of 560
110
Ажурирање на софтверот на таблетот
Оваа функција ви овозможува да го ажурирате фирмверот на вашиот таблет
на најновата верзија од Интернет, без потреба да посетите некој сервисен
центар. За повеќе информации за тоа како да ја користите оваа функција,
посетете ја: http://www.lg.com
Бидејќи надградбата на фирмверот на мобилниот уред бара целосно
внимание на корисникот за времетраењето на процесот на ажурирање, ве
молиме бидете сигурни да ги проверите сите инструкции и белешки кои се
појавуваат на секој чекор пред да продолжите. Ве молиме имајте предвид
дека отстранувањето на USB кабелот или батеријата за време на надградбата
може сериозно да го оштети вашиот таблет.
Ажурирање на софтвер за LG таблетот преку 
безжичен пренос (OTA)
Оваа функција ви овозможува да го ажурирате фирмверот на вашиот таблет
на понова верзија преку ОТА без поврзување на USB кабелот за податоци.
Оваа функција е достапна единствено ако и кога LG ќе понуди нова достапна
верзија на firmware за вашиот уред. Прво, можете да ја проверите верзијата
на софтверот на вашиот таблет:
На почетниот екран, допрете го Мени копчето
> Системски поставки >
Околу компјутерчето > Информација за софтвер.
За да извршите ажурирање на софтверот на таблетот, на почетниот
екран допрете го Мени копчето
> Системски поставки > Околу 
компјутерчето > Центар за ажурирање > Ажурирање на софтвер >
Проверете сега за ажурирање.
Ажурирање на софтверот на таблетот