LG G Pad 8.3 - LG V500 User Guide

Page of 560
20
Во случај кога не можете да се сетите на вашата шема за отклучување, 
PIN или лозинка:
< Ако сте ја заборавиле вашата шема >
Ако сте логирани на вашиот Google профил на таблетот, но не сте успеале да
ја внесете точната шема 5 пати, допрете на Го заборавивте обликот? копчето
на дното од екранот. Потоа, потребно е да се најавите на вашата Google
сметка или да го внесете Резервниот PIN кој сте го внеле при креирањето на
вашата шема за заклучување.
Ако не сте отвориле Google сметка на таблетот или сте го заборавиле Бекап
PIN-от, мора да извршите хардверско ресетирање.
< Ако го заборавите вашиот PIN код или лозинката >
Ако го заборавите PIN кодот или лозинката, потребно е да извршите
хардверско ресетирање.
Внимание: Ако извршите хардверско ресетирање, сите апликации и податоци 
на корисникот ќе бидат избришани.
ЗАБЕЛЕШКА: Ако се немате најавено на вашата Google сметка и сте ја
заборавиле Шемата за отклучување, ќе треба да го внесете Резервниот PIN.
4.  Користење на Хардверско ресетирање 
(Фабричко ресетирање)
Ако вашиот таблет не се врати во неговата оригинална состојба, користете
Хардверско ресетирање (Фабричко ресетирање) за да го стартувате.
Исклучете го таблетот.
Притиснете и задржете на копчето за напојување/заклучување + 
копчето за намалување на јачина на звук на десната страна на таблетот.