LG G Pad 8.0 4G - LG V490 User Guide

Page of 614
8
Ве молиме прочитајте ги овие едноставни инструкции. Нивното 
непочитување може да биде опасно или противзаконско.
Доколку настане грешка, во вашиот уред е вградена софтверска алатка која ќе 
запише дневник за евиденција на грешки. Оваа алатка собира само податоци 
специфични за грешката, како што се јачината на сигналот и вчитаните 
апликации. Дневникот за евиденција се користи само за да се одреди 
причината за грешката. Овие дневници за евиденција се шифрирани и до 
нив може да пристапи единствено овластен LG центар за поправки каде би 
требало да го однесете вашиот уред за поправка.
Изложување на радиофреквентна енергија
Информации за изложување на радиобранови и специфична апсорпциона 
стапка (SAR).
Овој таблет модел на уред LG-V490 е дизајниран за да се усогласи со 
важечките безбедносни одредби за изложеност на радио бранови. Овие 
барања се базираат на научни упатства кои вклучуваат граници на безбедност 
потребни да ја гарантираат сигурноста на сите луѓе, независно од нивната 
возраст или здравствена состојба.
•  Во упатствата за изложување на радиобранови се користи мерна единица 
позната како специфична апсорпциона стапка (SAR). Тестовите за SAR се 
изведуваат со користење на стандардни методи при што уредот емитира 
на највисокото сертифицирано ниво на енергија во сите употрбени 
фреквенциски опсези.
•  Иако може да има разлики меѓу ЅАR нивоата на различни LG модели на 
уреди, сите тие се дизајнирани за да ги задоволат релевантните упатства за 
изложеност на радио бранови. 
Напатствија за безбедно и ефикасно користење