LG G Pad 8.0 4G - LG V490 User Guide

Page of 614
31
Заклучување и отклучување на екранот
Ако одредено време не го користите таблетот, екранот автоматски ќе се 
исклучи и заклучи. Ова помага да се спречат случајните допирања и да 
се зачува енергијата на батеријата. Кога нема да го користите таблетот, 
притиснете го копчето за Вклучување/Заклучување   за да го заклучите 
вашиот таблет. 
Ако има програми кои се извршуваат кога ќе го заклучите екранот, тие може 
да продолжат да се извршуваат во режимот на заклучување. Препорачливо е 
да излезете од сите програми пред да влезете во Режим на заклучување за да 
се избегнат непотребни трошоци (на пример, веб пристап, комуникација на 
податоци).
За да го разбудите вашиот таблет, притиснете го копчето за Вклучување/
Заклучување  . Ќе се прикаже заклучен екран. Допрете и повлечете во која 
било насока на заклучениот екран за да го отклучите почетниот екран. Ќе се 
отвори последниот екран кој бил прикажуван.
Вклучување на екранот користејќи ја функцијата KnockON 
Функцијата KnockON ви овозможува двојно да го допрете екранот за лесно да 
се вклучи или исклучи екранот.