LG G Pad 10.1 - LG V700 User Guide

Page of 584
100
Дозволи кружење на почетниот екран – Обележете за да поставите 
постојано вртење на Почетните екрани, елиминирајќи ја потребата за 
враќање назад во спротивна насока кога ќе стигнат до крај. 
Заштита и обнова на Почетно – Ви овозможува да направите бекап да ги 
реконструирате конфигурациите и темите на апликациите и widget-ите.
Помош – Прикажува информации за почетниот екран.
Заклучен екран
Одберете заклучување на екран – Поставете тип на заклучување на 
екранот за да го обезбедите вашиот таблет. 
ЗАБЕЛЕШКА: По надградбата на Lollipop OS, заклучувањето на екранот 
може да не биде достапно освен за Облик, PIN и Лозинка. 
Во овој случај, одете во Апликации 
 > Поставки 
 > Безбедност > 
Избриши препораки за да ги избришете сигурносните сертификати, а 
потоа поставете заклучување на екран.
Бидете внимателни кога ги бришете доверливите податоци бидејќи сите 
сигурносни сертификати кои сте ги инсталирале ќе бидат избришани.
Smart Lock – Го одржува вашиот таблет уред отклучен кога е поврзан 
Bluetooth уред на кој му верувате, кога е позната локација како вашиот дом 
или работно место, или кога го препознава вашето лице.
Ефект на екран – Ги поставува опциите за ефект на повлекување по 
екранот.
Слика за заднина – Поставете ваша Слика за заднина на заклучен екран. 
Изберете од Галерија или Галерија на слики за заднина.
Кратенки – Ви овозможува да ги промените кратенките на екранот кој се 
заклучува со повлекување.