LG V935 User Guide

Page of 509
92
Поставки
Инверзија на бои на екран – Штиклирајте за обратни бои на 
екранот и содржините.
Прилагодување на боја на екран – Поставете за приказ на 
екранот со поголем контраст на боите. Допрете го прекинувачот 
за да го вклучите. Потоа допрете го екранот и повлечете преку 
екранот во која било насока додека да го видите контрастот на 
бои кој сакате да го користите.
Филтер за боја на екран – Ви овозможува да ги смените боите на 
екранот и содржината.
Слушање
Наслов – Ви овозможува да ги прилагодите поставките на 
насловите за лицата со оштетен слух.
Исклучи ги сите звуци – Штиклирајте за да ги исклучите сите 
звуци од уредот.
Тип на аудио – Го поставува типот на аудио.
Звучна рамнотежа – Го поставува аудио патот. Поместувајте го 
лизгачот на лентата за лизгање за да го поставите на саканото 
поставување.
Моторика и сознание
Време на повратен ефект при допир – Го поставува времето на 
повратен ефект при допир.
Touch assistant – Се прикажува табла за допир со лесен пристап 
до вообичаените дејства.
Време на истекување на екран – Поставување на временскиот 
период пред задното осветлување автоматски да се исклучи.
Полиња со контрола на допир – Ви овозможува да изберете 
област од екранот за да го ограничите активирањето со допир 
само на таа област од екранот.