LG LGV500 White User Guide

Page of 560
19
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За да го заштитите вашиот таблет и личните податоци, преземајте
апликации само од доверливи извори, како Play Store™. Ако има
неправилно инсталирани апликации на вашиот таблет, истиот може да
не работи нормално или може да се случи сериозна грешка. Мора да ги
избришете тие апликации и сите поврзани податоци и поставувања на
таблетот.
3.  Користење на шема за отклучување
Поставете шема за отклучување за вашиот таблет да е безбеден. Допрете
>
> Апликации јазиче > Поставки
> Екран > Заклучен екран
> Одберете заклучување на екран > Облик. Ќе се прикаже екран кој ќе ве
поведе низ постапката како да исцртате шема за отклучување на екранот.
Потребно е да креирате Резервен PIN како сигурносна мерка во случај да ја
заборавите шемата за отклучување.
Внимание: Пред да поставите шема за отклучување, прво креирајте Google 
сметка и запомнете го Резервниот PIN кој сте го креирале при креирањето на 
вашиот облик за заклучување.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Мерки на претпазливост при користење на шема за заклучување.
Многу е важно да ја запомните шемата за отклучување која ќе го поставите.
Нема да бидете во можност да пристапите до вашиот таблет ако користите
погрешна шема 5 пати. Имате 5 можности за да ја внесете вашата шема за
отклучување, PIN или лозинка. Ако ги искористите сите 5 можности, може
да се обидете повторно по 30 секунди.