LG LGV500 White User Guide

Page of 560
104
ЗАБЕЛЕШКА: Потребни се дополнителни додатоци за да може да се
изврши избор.
TalkBack – Ви овозможува да ја поставите TalkBack функцијата која им помага
на лицата со оштетен вид преку обезбедување на вербален фидбек. За да ја
вклучите функцијата допрете на преклопникот TalkBack
во горниот
десен агол на екранот. Допрете Поставки на дното на екранот за да ги
прилагодите поставките за TalkBack.
Инсталирај веб-скрипти – Ви овозможува да вклучите (или исклучите)
поставување на веб-скрипти.
Голем текст – Обележете за ја зголемите големината на текстот.
Обратни бои – Обележи за да ја инверираш бојата.
Гестикулации за зголемување – Ви овозможува да зумирате и одзумирате
со тројно допирање на екранот.
Сенки – Поставете го екранот да биде во нијанса на црната боја.
Моно аудио – Обележете за да овозможите звукот на слушалки да биде
изнесен и од десниот и од левиот канал.
Допрете и држете подолго – Го поставува одложувањето на допир и
задржување (краткорочно, средорочно или долго).
Помошно допирање – Смени
за промена меѓу вклучено и исклучено.
Универзалниот допир може да ги замени сите хардверски копчиња.
Ориентација – Обележете за да се овозможи уредот да го ротира екранот во
зависност од ориентацијата на уредот (портрет или пејзаж).
Изговори лозинка – Обележете, со што ќе може да ги изговарате вашите
лозинки за логирање (наместо да ги пишувате вашите лозинки).
Внесување со еден допир – Ви овозможува да внесувате букви со секој
допир на прстот на LG тастатурата.