LG V700 Black User Guide

Page of 584
57
QPair карактеристики
Известувањe за повик – му испраќа известување на таблетот кога телефонот 
прима повик. Известувањето го прикажува бројот на повикувачот и ви 
овозможува да одговорите или да го одбиете повикот. Исто така, можете да 
ги измените поставките за повик, како тон на ѕвонење, јачина на тонот на 
ѕвонење, тон на ѕвонење со вибрација или да испратите или одбиете порака 
кога добивате повик.
Известување за порака – му испраќа известување на таблетот кога 
телефонот прима порака. Исто така, можете да ги измените поставките за 
порака, како појавувачка порака, преглед на порака, звук на известување и 
вибрација за известување.
SNS известување – Се прикажува известување од социјалната мрежа на 
статусната лента на вашиот таблет кога пристигнува на вашиот телефон.
ЗАБЕЛЕШКА: За да ја активирате оваа опција, уклучете ја опцијата 
QPair social network notifications на вашиот телефон (Подесувања 
Достапност > QPair social network notifications). Оваа опција ви 
овозможува да бидете во тек со известувањата од социјалните мрежи на 
вашиот таблет.
QuickMemo+ Пренос – Го зачувува вашиот моментален QuickMemo+ во 
Галеријата на таблетот, а потоа ги синхронизира Галеријата на таблетот и 
Галеријата на вашиот телефон. 
Интернет преку телефон – Автоматски го поврзува вашиот таблет на 
Интернет преку вашиот мобилен телефон (како Wi-Fi hotspot). Користењето 
на оваа функција може да предизвика трошоци. За да зачувате користење 
на податоци на телефонот, телефонот автоматски се поврзува со било кој 
доверлив Wi-Fi hotspot во рамките на опсегот.