LG LG G3 (D855) Burgundy Red User Guide

Page of 673
62
Пораки
Вашиот телефон нуди комбинација на SMS, MMS и муабетење во едно 
интуитивно практично мени.
Испраќање на порака
1  
Допрете   на почетниот екран и допрете   за да се отвори празна 
порака.
2  
Внесете име на контактот или број на контактот во полето До. Додека го 
внесувате името на контактот, се прикажуваат контакти кои одговараат. 
Можете да допрете предложен примател. Може да додадете повеќе 
од еден контакт. За Муабетење, корисниците кои имаат овозможено 
муабетење се прикажуваат само во контактите.
ЗАБЕЛЕШКА:  За секое лице на кое ќе испратите порака, се пресметува 
трошок за текстуална порака. За Муабетење се пресметуваат трошоци за 
користењето на податоците.
3  
Допрете го полето Состави порака и започнете со составување на 
пораката.
4  
Допрете   за да го отворите менито Опции. Изберете помеѓу Брза 
порака, Внеси смешко, Закажано испраќање, Додади тема и Отфрли. 
СОВЕТ! Можете да ја допрете иконата 
 за да прикачите фајл на пораката 
кој сакате да го споделите.
5  
Допрете Испрати за испраќање на пораката. Доколку копчето Испрати е 
прикажано со жолта боја, пораката е испратена во Муабетење.