LG F70 - LG D315 User Manual

Page of 606
15
Важно известување
Ве молиме прочитајте го ова пред да започнете со 
употребата на вашиот телефон!
Пред да го однесете телефонот на сервис или да повикате претставник на 
сервисот, проверете дали проблемот со кој се соочувате кај телефонот е 
опишан во овој дел.
1.  Меморија на телефон
Кога во меморијата на телефонот има помалку од 10% слободен мемориски 
простор, телефонот нема да може да прима нови пораки. Потребно е да ја 
проверите меморијата на телефонот и да избришете дел од податоците, како 
апликации или пораки за да добиете повеќе слободна меморија.
За деинсталирање на апликации:
На почетниот екран, допрете го јазичето 
 > картичката Апликации (ако 
е потребно) > Поставки 
 > картичката Општо > Апликации.
Откако ќе се појават сите апликации, придвижете се и изберете ја 
апликацијата која сакате да ја деинсталирате.
Допрете Деинсталирање, а потоа допрете OK за да потврдите.
2.  Оптимизирање на траењето на батеријата
Продолжете го траењето на батеријата меѓу полнењата преку исклучување на 
функциите кои нема потреба постојано да се извршуваат во заднина. Можете 
да надгледувате колку апликациите и ресурсите на системот ја трошат 
батеријата.