LG F70 - LG D315 User Manual

Page of 606
42
Wi-Fi
Со Wi-Fi, можете да добиете брз интернет пристап во рамките на областа на 
покривање на безжичната пристапна точка (AP). Уживајте во безжичниот 
интернет со користење на Wi-Fi, без дополнителни трошоци. 
Поврзување со Wi-Fi мрежи
За да   користите Wi-Fi на вашиот телефон, треба да имате пристап до безжична 
пристапна точка или „хотспот". Некои пристапни точки се отворени и можете 
едноставно да се поврзете на нив. Други пак се скриени или користат 
безбедносни функции, па ќе мора да го конфигурирате телефонот за да се 
поврзе со нив.
Исклучете Wi-Fi кога не се користи, за да го зголемите траењето на батеријата.
ЗАБЕЛЕШКА: Ако сте надвор од Wi-Fi зоната или го имате исклучено 
Wi-Fi, може да се применат дополнителни трошоци од страна на 
вашиот мобилен оператор за употреба на мобилните податоци.
Вклучување на Wi-Fi и поврзување со Wi-Fi мрежа
На почетниот екран допрете го јазичето 
 > картичката Апликации (ако 
е потребно) > Поставки 
 > картичката Мрежи > Wi-Fi.
Допрете го прекинувачот 
 за да го вклучите Wi-Fi и почнете да 
скенирате за достапни Wi-Fi мрежи. 
Безбедните мрежи се означени со икона за заклученост.
Поврзување со мрежи и уреди