Zanussi ZTK123 User Manual

Page of 60
 БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Пред монтажата и употребата на овој апарат, внимателно
прочитајте ги приложените упатства. Производителот не е
одговорен ако неправилната монтажа и употреба
предизвикаат повреди и оштетувања. Секогаш чувајте го
упатството со апаратот за идна употреба.
БЕЗБЕДНОСТ НА ДЕЦА И РАНЛИВИ ЛИЦА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од задушување, повреда или траен
инвалидитет.
Овој апарат можат да го користат деца над 8 години и
лица со намалени физички, сетилни или ментални
способности или лица без искуство и знаење доколку тоа
го прават под надзор или им биле дадени упатства како
безбедно да го употребуваат апаратот и ги разбираат
опасностите поврзани со него.
Не дозволувајте им на децата да играат со апаратот.
Апаратот не смее да биде во дофат на деца помали од 3
години освен ако не се под постојан надзор.
Чувајте го пакувањето настрана од дофат на деца.
Чувајте ги сите детергенти настрана од дофат на деца.
Чувајте ги децата и домашните миленичиња настрана од
вратата на апаратот кога е отворена.
Доколку апаратот има уред за безбедност на деца, ви
препорачуваме да го активирате.
Чистењето и одржувањето од страна на корисникот не
треба да го прават деца без надзор.
ОПШТА БЕЗБЕДНОСТ
Не менувајте ги спецификациите на овој апарат.
Ако машината за сушење е ставена врз машината за
перење, користете го приборот за местење. Комплетот
за местење, достапен кај вашиот овластен продавач,
може да се користи само со уредот наведен во
упатството испорачано со приборот. Прочитајте го
16